aria spa centar

Брзото и стреснo живеење налага потреба од простор за релаксирање и опуштање после напорниот ден… Телесна релаксација влијае на секоја активност која ја правите во текот на денот, а особено позитивно влијание има на сонот и спиењето.

Најголемата пречка за вистинско опуштање e пристапот до целосен простор за релаксација. Спа центрите, најчесто не се лесно достапни и се наоѓаат во хотели или ресорти, нешто што е надвор од секојдневното живеење. Со Aria Residence & Spa го носиме решението најблиску до станарите и до сите жители од централното градско подрачје.

Препознавајќи ги потребите на модерниот човек, во составот на Aria, вклучен е целосно опремен спа центар, наменет за целото семејство. Спа центарот содржи базен за возрасни, детски базен, џакузи, финска бања и турска бања.

За становите и текот на изградбата информирајте се на нашата веб страна.

Write a comment:

*

Your email address will not be published.