aria residence spa bitola

Кога станува збор за избор на нов иден дом, важно е да се земат повеќе фактори во предвид. Во изградбата на Aria Residence&Spa, посветено е многу внимание на секој дел од потребите на човекот. При тоа обезбедени се сите услови за живот, кој ќе биде во чекор со урбаното живеење, истовремено овозможувајќи простор за совршено функционирање на едно семејство.

Она што го прави резиденцијалниот комплекс Aria Residence&Spa различен во однос на другите станбени објекти, е големиот избор на станови со различни квадратури и дизајни, како и базен и спа центар во самиот објект. Секојдневното живеење и потребите на модерниот свет ги спојуваме во едно, се со цел да создадеме решение кое ќе ги исполни потребите на секој.

Aria, располага со 180 станови, сместени во 3 згради, 5000м² паркин, базен и спа центар. Во комплексот ќе најдете повеќе типови на станови почнувајќи од петособни станови со вкупна квадратура од 117м², четирисобни станови со квадратура од 99м², 86м² и 102м², трособни станови со различни квадратури како 65м², 90м², 80м², двособи станови со квадратура од 45м², 70м², 47м², 63м², па се до модерни еднособни станови со квадратура од 31м².

Објектот се наоѓа во непосредна близина на самиот центар на градот и има одлично опкружување кое оди во прилог на сите идни семејства или индивидуалци. Комбинацијата од елементи во целост ги задоволуваат стандардите за квалитет, а современото архитектонско решение плени со функционалноста и изгледот.

Изградбата е во тек. Започнете нова животна приказна во Aria Residence&Spa.

Write a comment:

*

Your email address will not be published.