stanben kredit

Прашањето за сопствен дом е од егзистенцијално значење за секој, а решението на овој проблем се наоѓа во олеснителни околности што овозможат да се стигне до нов и удобен дом.

Еден од најповолните услови за станбено кредитирање е проектот “Купи куќа, купи стан“ кој продолжува и во 2019. Проектот нуди исклучително голема поддршка за млади кои се на чекор до формирање или зголемување на семејството.

Постојат два модели на субвенционирање со кои полесно може да дојдете до посакуваниот дом:

Првиот модел е 75% / 50% рата. Тоа значи дека за купување на стан владата плаќа половина од месечната рата за истиот период. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува: 3,95% за првите три години 4,44% за четвртата и за петтата година од отплатата.

Вториот модел е 75% / 50% учество. За учество за кредит за купување на стан Владата ќе плати 50% од учеството, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата.

Aria Residence&Spa го поддржува владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, во кој e вклучен со станбени понуди. Преку користење на субвенционираните станбени кредити со многу поволни услови граѓаните сега имаат можност да станат сопственици на квалитетен и безбеден дом во комплексот ARIA.