kvaliteteni stanovi bitola

При тектонски промени на земјиштето, квалитетната градба е предуслов за стабилност на објектот.

За првпат во објект во Битола, на комплексот Aria Residence&Spa се изведени прецизни и детални мерења од страна на стручната екипа од Акредитираната лабараторија на “Geing – Krebs and Kiefer”.

Мерењата дадоа специфични информации за носивост на тлото кои го докажуваат квалитетот и сигурноста на градбата. Извршени се 12 контролни мерења на модул на стисливост, по метод на динамичка кружна плоча на завршниот слој на набиениот тампон, пред бетонирање на темелната плоча.

Испитувањата на подлогата која ќе го носи целиот товар на зградата – покажаа одлични резултати во просек 90Mpa споредено со тоа што во проектот за статичка пресметка врз основа на претходните Геомеханички мерења предвидено е 46 Mpa. Ова докажува дека подлогата која ќе го носи целиот товар од зградата е одлично изработена што е предуслов за сигурна и квалитетна градба.

Инвестирајте во долгорочни животни решенија – Aria Residence&Spa