nov stan bitola

За прв пат во објект во Битола се користи врвна и докажана технологија во процесот на хидроизолација на станбени објекти. Во комплексот Aria Residence&Spa искористена е револуционерната хидроизолација со кристализација, од компанијата Xypex која веќе 40 години во повеќе од 80 земји, нуди најквалитетна заштита на бетонските структури. Оваа технологија е докажана во голем број на ситуации и различни градежни случаи ширум светот и токму затоа во својата индустрија претставува ригорозен стандард во поглед на извонредноста и квалитетот.

Xypex Crystalline технологијата функционира во насока на заштита на бетонот од вода, продирајќи длабоко во него, со што доведува до формирање на нерастворливи кристали и резултира со бетонска конструкција која е трајно водоотпорна, дури и против екстремен хидростатски притисок.

Со тоа проблемот со застапеноста на влага во станбениот објект е трајно решен и гарантира квалитет и сигурност на бетонската структура која спречува навлегување на вода во која било форма.

Изградбата на комплексот Aria Residence&Spa e во тек.