Во непосредна близина на центарот на Битола, почнува со изградба новиот станбен комплекс Aria Residence&Spa кој ќе се гради на 25000м2, а во својата структура содржи 180 станови, 3 згради, 5000м2 паркинг, базен и спа центар.

Објектот е една сосема нова и поразлична структура која нуди комплетно решение за модерно и квалитетно живеење.

Предвидениот рок за изградба на зградата е 24 месеци.

Колективната станбена зграда „АРИА“ почна да се гради на просторот во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. „АРИА” се наоѓа на пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.

Во однос на функционалната поставеност и содржините објектот ќе содржи:

Партер – приземна платформа за влез во објектот, хортикултурно обогатена со зелени површини и надземен откриен паркинг простор;
Колективна станбена зграда која во својот состав има три ламели: Ламела „1“ и Ламела „2“ и Ламела „3“. Секоја ламела, во својот вертикален пресек се состои од: подрум ( -2) + приземје (Пр) + 8/9/10 катови + Поткровје (Пк); Во составот се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционалност.

Инвеститори се БЕКОМ ДОО и ФОРМИ ДООЕЛ, а објектот го проектира ФОРМИ ДООЕЛ.

За повеќе информации околу становите посетете ја нашата веб страна: aria.mk или контактирајте нѐ на + 389 76 462 462