„Ариа“ е новиот резиденцијален комплекс, вашиот нов дом кој воведува револуција во начинот на домување и носи нов сјај во Битола.

Во состав на современата архитектонска композиција се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.

Комплексот „АРИА“ е лоциран во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. На пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.

Во непосредно опкружување на комплексот се лоцирани висококатници – станбени објекти за колективно домување од кои „СИМПО“, „АУРУМ“, основното училиште „Стив Наумов” и градската болница.

Веруваме во совршен дом!